| четврток, 6 декември 2018 |

МТВ ги награди најдобрите во 2013 (фото)

Za najdobrite MTV 2014  (30)

Минисгтерката за култура Елизабета Канческа-Милелвска го доби признанието за најуспешен настан во 2013 – отворањето на новиот објект на МНТ

Во свечена атмосфера, во новиот објект на Македонскиот народен театар (МНТ), Македоската радио-телевизија, која ги прославува големите јубилеи – 60 и 70 години од постоењето на телевизијата, односно радиото, беа избрани најдобрите луѓе, настани, настани и дела како инвестиција на годината, град на годината, кампања, пронајдок, хуманист, туристичка понуда, филм, книга, уметник, проект, подвиг, хит од забавната и од фолк-музичка сцена, фестивал, спортски успех, менаџер, признание за општествена одговорност, театарска претстава…

Za najdobrite MTV 2014  (21)

Тамара привлече многу внимание со настапот и облеката – награда за поп-хит

Водители, новинари на националното радио и телевизија беа дел од манифестацијата и ги најавуваа и ги доделуваа наградите на најдобрите. Цел на проектот „МРТ за најдобрите“ е промовирање на националната репрезентативна улога во откривање, следење, проучување, истражување и презентирање на националните вредности и достигнувања.

Za najdobrite MTV 2014  (28)

Професорот Драги Михајловски направи епохално дело – го преведе Шекспир

Па така најдобра инвестиција е фабрката во безцаринската зона Бунарџик „Џонсон Мети“, најдобар град – Прилеп, најдобара кампања – таа за многудетно семејство, Дојран има најдобра туристичка понуда, генералниот директор на „Алаклоид“ Живко Мукаетов ја доби наградата за најдобар менаџер на годината, Илина Арсова која се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест и стана прва Македонска на која тоа и успеало, ја доби наградата за подвиг на годината. Четворица научници добија награда за најдобар пронајдок за отпадни материјали, а Тамара Тодевска доби награда за најдобар поп-хит „Готово е“. Кај Миле Кузманосвки отиде наградата за најдобар фолк-хит, „Трето полувреме“ е избран за најдобар филм на годината, а пијанистот Симон Трпчевски ја доби наградата – најдобар уметник во 2013 година. Перо Антиќ и настапот во НБА е спортски успех на година, а „Вечната куќа“ е најдобра претстава за годината што измина. Тимот на д-р Владимир Чадиковски и детската кардиохирургија го доби признанието за особен придонес во здравството, а д-р Билјана Оплеска е хуманист на годината.

Za najdobrite MTV 2014  (24)

Миле Кузмановски го има фолк-хитот на 2013

Професорот и писател  Драги Михајловски кој го направи преводот на 30-те дела на генијалниот Вилијам Шекспиер доби награда, исто како и Иван Заров, директорот на НУБ „Климент Охридски“, Скопскиот фестивал е најдобар фестивал, а настан на годината е отворањето на новиот објект на МНТ.

Za najdobrite MTV 2014  (23) (Small)

Настапот на Перо Антиќ во НБА е спортски настан на годината

Македонскиот јавен сервис оваа година првпат ревијално ги промовира македонските вредности со заложба за континуирано следење на истите и воспоставување манифестација со трајни вредности! Во текот на целата година низ програмите на МРТ, низ емисиите редовно ќе се третираат актуелни теми, настани, приказни за обичните луѓе-херои, хуманисти, менаџери, културни настани, економски дострели, инвестиции, спортски достигнувања, естрада и слично.

Za najdobrite MTV 2014  (20)

За Илина Арсова е наградата – подвиг на годината

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top