
Децата кои беа повредени попладнево во Тетово настрадаа од рачна бомба, информираат од полицијата.
Вкупни пет малолетни деца се повредени од кои две потешко од активирана експлозивна направа која експлодирала околу 17 часот во дивата ромска населба на периферијата од Тетово. Повредените деца се на возраст од 5 до 14 години.
Повредените деца веднаш биле префрлени во клиничката болница во Тетово.
Две девојчиња, на возраст од 10 и 14 години, поради сериозноста на повредите се испратени на клиниките во Скопје. Иако се испратени со потешки повреди во стомакот и екстремитетите, тие се во стабилна состојба и се вон животна опасност.
Рачната бомба експлодирала во дворот на неколку трошни ромски куќи во дивата ромска населба.
Полицијата и Јавен обвинител вршат увид на местото на експлозијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


