| четврток, 6 декември 2018 |

Цвета работата во јапонските „хотели на љубовта“

јапонски хотел

Во Јапонија, густо населената земја, менаџерите во хотелите одлучија да им понудат на граѓаните посебен вид прибежиште, нудејќи соби по поволни цени во кои може да се остварат и најлудите соништа.

Додека хотелите ширум светот се борат со финансиски проблеми поради слаба посета, јапонските „хотели на љубовта“ се проверен рецепт за профит во оваа земја.

Концептот на оваа услуга е едноставен: собата ја плаќате за една вечер или само на неколку часа, бидејќи малку парови се решаваат да преспијат.

– За еден хотел е идеално една соба да ја издадеме четири пати за 24 часа. Дневно најчесто имаме посета од парови кои се во врска, а навечер само млади – вели еден од сопствениците.

Во понудата на собите има плафонски огледала, луксузна постелина, огромни телевизори и џакузи, како и соби со „посебна опрема“ . Дискрецијата и анонимноста се загарантирани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top