| четврток, 6 декември 2018 |

Петре Ангелов: Во Париз одиме на победа

Vardar-Wacker-Thun-4

Петре Ангелов, голманот на македонскиот ракометен првак Вардар најави дека и во Париз, кај ПСЖ одат на победа.

Вечерва во СЦ „Борис Тррајковски“ „црвено-црните“ го победија швајцарски Вакер Тун и во следното коло му гостуваат на многу силниот ПСЖ, моментно најскапиот тим во ракоментата Лига на шампиони (ЛШ).

– Вакер Тун се добра екипа. За разлика од нас, тие играа вечерва порелаксирано. Но, ние во следното коло му гостуваме на ПСЖ и таму одиме на победа – изјави популарниот Диви.

Тренерот на скопјани, Раул Гонзалес исто така најави дека во Париз ќе се обидат да освојат нови два бода.

– За овој меч со Швајцарите се подготвувавме гледајќи ја и анализирајќи го мечот на Вакер Тун со Барселона. За една седмица гостуваме во Париз и таму ќе се обидеме да победиме и да се искачиме едно место погоре на табелата – изјави Гонзалес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top