Легендарниот Пол Гаскоњ повторно ја шокираше јавноста откако беше пронајден „мртов“ пијан пред еден хотел и молеше за ново шише алкохол.
Легендата на англискиот фудбал повторно преживува тешки моменти од животот. Пред неколку дена Пол Гаскоњ заврши во затвор поради физички напад на својата поранешна сопруга Шерил и чуварот на железничка станица, а штом излегол од притвор веднаш се фатил за шишето.
Британскиот таблоид Сан (The Sun) објави фотографии од пијаниот Гаскоњ кој лежел пред хотел во Лондон. Загрижените работници во хотелот повикале брза помош и полиција, а потоа за медиумите изјавиле дека Гаскоњ во џебовите имал две празни шишиња и барал ново шише алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


