Претседателот на Унијата на независни синдикати на Федерацијата БиХ, Јосип Милиќ уапсен е синоќа по насилните протести во Мостар во кои беа уништени и запалени седишта на градски и жупаниски институции како и седишта на политички партии.
Се претпоставува дека Милиќ е уапсен заради вчерашните протести во Мостар се вели во соопштение од Унијата кои тврдат дека не биле организатори на протестите. Според босански медиуми, полицијата досега уапсила околу 30 демонстранти. Демонстрантите во Тузла откако премиерот на локалната Влада Сеад Чаушевиќ поднесе оставка, им пружија рака на полицајците и прекинаа немири и каменување згради на институции на власта, јавуваат босански медиуми.
Во текот на ноќта преку социјални мрежи ги испратија и своите барања. Незадоволството и бесот се причина за насилното однесување, се вели во прогласот на работниците и граѓаните на Тузла по насилните протести. Се истакнува дека односот на власта предизвикал „незадоволството и бесот да ескалираат“.
– Сега во новата ситуација се насочуваме кон изградба на продуктивен и корисен систем на власт, се вели во соопштение што го пренесуваат босанските медиуми. Во Тузла се креира нова иднина. Владата поднесе оставка со што е остварено првото барање на демонстрантите и стекнати се услови за решавање на постоечките проблеми, се додава во соопштението. Тие повикуваа граѓаните да поддржат остварување на изнесените барања.
Тие бараат:
– Одржување на јавниот ред и мир за да се избегне какво било криминализирање, политизирање и каква било манипулација со протестите
– Формирање техничка влада составена од стручни, непартиски, некорумпирани членови кои немале досега ниту еден мандат во кое било ниво на власта, кои би го воделе тузлански кантон до изборите во оваа година.
– Работниците бараат итно решавање на прашања за регуларност за приватизирање фирми од кантонот.Воведување работен стаж и здраветсвена заштита за работниците, да се одземе нелегално стекнат имот, да се поништат приватизациски договори, ревизија на приватизацијата, да се вратат фабриките на работниците и да се стават под контрола на јавните власти со цел зачувување на јавниот интерес и да се покрене производство во фабрики каде тоа е можно.
– Изедначување на платите на претставниците на власта со платата во јавниот и приватниот сектор
– Укинување на дополнителни плаќања за претставниците на власта
– Укинување на платите за министрите и евентуално другите државни службеници по истек или прекин на мандат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Синдикатот на Клинички центар бара ист коефициент за зголемување на платитекако за специјалистите
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени