| четврток, 6 декември 2018 |

Познати личности за кои никогаш не би поверувале дека се во сродство (ФОТО)

Некои од овие популарни личности се занимаваат со исти дејности, а за некои дури и кога би поминале еден покрај друг на улица не би можеле да поверувате колку се различни. Сепак, дел од нив се роднини, некои поблиски, некои подалечни.

Кралицата Елизабета Втора и Џони Деп

Еден од овие двајца е на крајот од својата кариера, има комплицирани односи во своето семејство и сака пастелни бои. Но, доста за Џони Деп. Кралицата Елизабета II и популарниот актер навистина немаат допирни точни на изгледот, но тие се сродно поврзани. Тие се далечни роднини, а нивното сродство потекнува од кралот Едвард III кој починал 1377-ма година.

depkralica-710c6623

 

Војвотката Камила и Мадона

Овие две русокоси потекнуваат од исто семејство, кое воедно било и едно од најмоќните семејства во Канада во 17-тиот век. Тие две освен русата коса, и по некој ген, немаат ништо заедничко во нивниот изглед. 66-Годишната Камила ужива во своите „зрели“ и мирни години, додека 55-годишната Мадона никако не може да се помири со фактот дека старее, па покрај себе постојано има некој многу помлад дечко.

kamilamadona

 

Брук Шилдс и Глен Клоус

Изгледа дека некои семејство со нивната ДНК имаат интегрирано среќа и убавина. Овие две прекрасни актерки се многу блиски роднини, па така 66-годишната Глен ѝ била инспирација на Брук да стане актерка.

shildsklous

Барак Обама и Бред Пит

Бред Пит и Барак Обама се поврзани преку нивен роднина кој потекнува од Вирџинија. Имено, станува збор за Едвард Хикмен кој починал во 1769-та година. Но познатиот актер покрај оваа роднинска врска, на уште еден начин е поврзан со Белата Куќа. Неговата партнерка – Анџелина Џоли, е далечна роднина со поранешната прва дама – Хилари Клинтон.

odamapit

Кејт Мидлтон и Гај Ричи

Војвотката од Кембриџ и познатиот режисер се во сродство кое потекнува од 18-тиот век. 45-Годишниот Гај Ричи присуствуваше на кралската венчавка која се одржа во 2011-та година, но не поради својата роднинска врска, туку поради пријателството со Вилијам.

ricimidlton

Џастин Бибер и Селин Дион

Кој би рекол дека познатата пејачка е во сродство со најпознатиот миленик на тинејџерките кој неодамна беше уапсен. 45-Годишната Селин и 19-годишниот Бибер се далечни роднини чии корени потекнуваат од 17-тиот век.

biberdion

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top