| четврток, 6 декември 2018 |

Почина момчето кое беше нападнато со клешта

26 годишниот Даниел Костов од кочанското село Спанчево вчера вечер им подлегна на повредите. Костов пред три дена со метална клешта беше нападнат од својот сосед кај кој работел.

Скршени од болка и тага Костови бараат правда. Тврдат дека соседот  кој со два удара го убил нивниот син наместо во притвор, вчера слободно се шетал низ селото. Таткото стравува дека и така веќе наелектризираната состојба во селото може да ескалира. Бараат убиецот веднаш да биде приведен.

Според месното население расправијата помеѓу четириест годишниот сосед и Даниел во понеделникот настанала поради клешта за која соседот мислел дека Даниел му ја зел. Откако увидел што направил, соседот сам го однел во кочанската болница, од каде поради сериозноста на повредите веднаш е пренесен на клиниките во Скопје. Даниел Костов е татко на тригодишен син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top