| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна внуката на Леонардо Ди Каприо

Leonardo-DiCaprio

Судот во Калифорнија ја прогласи за исчезната малата 6-годишна внука на холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо.

Како што објавија американските медиуми, исчезнала Нормади Фарар, ќеркичката на полубратот на Лео, Адам Фарар.Родителите на малечката завршиле во затвор. 38-годишната Черити Мур, мајката на малата Нормади завршила во затвор, а само 5 дена по неа во затвор се најде и Адам, нејзиниот сопруг.

“Никој во семејството Ди Каприо не знаеа дека двајцата родители се уапсени и никој не знае каде е моментално нивната ќерка Нормади” – соопшти близок извор на семесјтвото.

Мајката на Лео, Пеги, исто така е многу загрижена за својата внука иако не е во добар однос со нејзиниот син Адам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top