Јустинијановата чума, која се смета дека е одговорна за конечното исчезнување на Римското царство, и чумата од 14 век, наречена Црна смрт, настанале од две бактерии кои живееле во ист домаќин-црн глушец.
Подетални анализи покажале дека различни слоеви од оваа бактерија, ја предизвикале Јустинијановата чума, односно Црната смрт. Додека видот кој ја предизвикува Јустинијановата чума исчезнал, Црната смрт се појави повторно во средината на 19 век, од која во Кина и Индија починале околу 12 милиони лица.
Научниците во најновата студија предупредуваат дека би можело да дојде до нова епидемија на чума, како последица од бактеријата која живее во моменталната популација на глодари, пишува српски „Блиц“. Тие исто така сметаат дека ваквото откритие во исто време е и фасцинантно и вознемирувачко, бидејќи не соочува со фактот дека видовите на смртоносните бактерии настануваат периодично, се шират и изумираат што значи дека целата приказна би можела и да се повтори.
-Клучно е да се нагласи дека сето тоа би можело повторно да се случи. Се случи веќе три пати и поради тоа мораме да набљудуваме на се што би можело да се случи во иднина- рече Хендрик Поинар, директор на ДНК центарот на Универзитетот во Хамилтон.
Неговите колеги тврдат дека низ историјата, вирусот на чума од глодарите, преминувал на луѓето, а дека „резервоарите“ на чума постојат во многу делови на светот.
Сепак, научниците се надеваат дека сегашните антибиотици како и климатските промени на планетата, ќе влијаат врз појавата на нова епидемија на болеста, особено во големи размери како во минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


