| четврток, 6 декември 2018 |

Кина ги тргна САД од тронот, стана најголема трговска сила во светот!

Кина во 2012 година успеа да ги симне САД од престолот и стана најголема трговска сила во светот, обајви Блумберг

iI1mNZAYP0NQkina
Во 2012 година Кина имала поголема размена на стоки од САД, кои по Втората светска војна до лани беа најголемата трговска сила. Кина 3, 87 билиони долари  наспроти САД 3, 82 билиони долари, со што конечно ги тргна Соединетите Американски Држави од тронот.

Со ова предвреме се остварија предвидувањата на американскиот Национален разузнавачки совет (НИЦ) кој во извештајот „Глобални трендови 2030: Алтернативен световите” објавен лани во декември, меѓудругото наведе дека влијанието на САД во светската економија до 2030 година ќе се намалат и дека Кина ќе стане најголема економија во светот. А на Кина тоа и тргна од рака уште во 2012 година.

Инаку, од 2009 година. Кина е најголем извозник во светот, а САД уште има наслов од најголемите увозници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top