| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски: Немам ништо со изјавата на фан-страната на Тони Михајловски

Немам ништо со изјавата на фан-страната на Тони Михајловски. Се извинувам што ќе ве разочарам. Тоа е изјава од администраторите,а јас не сум еден од нив. Иако се слагам дека Кире има направено за Македонија многу повеќе од Д.П.Л.. Убава вечер ви посакувам – напиша Тони Михајловски на својот личен профил на фејсбук.

Дел од медиумите се повикаа на статус објавен на фан страница на Михајловски, која како што самиот тврди, не е негова и тој воопшто не е администратор на истата.

Се започна откако Латас даде критика за Кире Лазаров, односно неговиот однос – обвини дека Лазаров сака да ја приватизира репрезентацијата и да ја користи за своја промоција и промоција на својот брат. По ова беше пренесена изјава од Михајловски во која тој запрашува:

Нормален е овај Латас бе ? Што имаш ти направено повеќе од Кире Лазаров за Македонија? Тоа што по цели деној јадиш лајна за Заев и СДСМ, тоа го рачунаш како свој придонес за Македонија.

Но иако Михајловски се согласува дека Лазаров има направено многу повеќе Латас, сепак зборовите кои беа пренесени не се негови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top