Инфлацијата во земјите на еврозоната е под целта која ја утврди Европската централна банка. Постои потенцијална опасност од дефлација, изјавила директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, на Светскиот економски форум во Давос.
Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги потврдил дека ЕЦБ е подготвена да реагира во случај инфлацијата да падне под зацртаното ниво, додавајќи дека, каматните стапки кои банката ги утврдила остануваат ниски, со можност за понатамошно намалување во иднина.
За дефлација се говори кога станува општ пад на цените и кога потрошувачката и инвестициите поради очекувањата на ново намалување на цените, предизвикува сприрала на падот на цените и платите.
Меѓугодишната инфлација во еврозоната во декември паднала на 0,8 отсто, што е значително под целта од речиси 2 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.