Светската пливачка федерација (ФИНА) поради допинг привремено ја суспендираше Русинката Јулија Јефимова, која е светска рекордерка.
Во соопштението се вели дека Јулија Јефимова била позитивна на стероидот DHEA на 31 октомври во Лос Анџелес.
Суспензијата ќе трае сѐ додека ФИНА не ја донесе конечната пресуда.
Јефимова минатиот август на Светското првенство во Барселона го постави светскиот рекорд на 50 метри градно, со резултат од 29.78 секунди.
Исто така, освои и бронзен медал на 200 метри градно на Олимписките игри во Лондон 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Скандал на ЗОИ, откриен прв случај на допингуван спортист
-
Македонските пливачи подготвени за ЕП во Копенхаген
-
Голем срам на Олимписки базен – децата плаќале по 3 евра од трка, а резултатите биле објавувани на чаршави!


