| четврток, 6 декември 2018 |

Задолжително микрочипирање на милениците

Сопствениците на кучиња и на мачки ќе треба да издвојат околу 800 денари за вградување микрочипови ако не сакаат да бидат казнети во согласност со прописите, кои наложуваат нивните миленици да бидат евидентирани на овој начин, објави телевизија „Тера“. Чипирањето може да се направи во сите ветеринарни амбуланти.

Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување ветеринарно-здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој за да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top