| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Медвед се враќа во Македонија

Поранешната српска ракометарка Тања Медвед се враќа на македноската женска ракометна сцена. Овој пат како спортски директор на ЖРК Вардар.
Гордана Нацева, како претседателка на ЖРК Вардар, беше задоволна со ангажирањето на Медвед на местото спортски директор во клубот.

– Точно е дека клубот има одлична сезона досега. Но, ние тука не застануваме и се засилуваме на сите позиции на кои можеме. Оттука и ангажирањето на Тања Медвед на оваа позиција бидејќи целиот нејзин живот е поврзан со ракометот. Вардар добива многу со овој ангжман и се надеваме дека соработката ќе биде долготрајна за да го издигнеме клубот во европски бренд – изјави Гордана Нацева, претседателка на ЖРК Вардар.

Тања Медвед беше дел од големиот ракометен проект Кометал Ѓорче Петров две години, кој ѝ беше прв клуб во интернационалната кариера. Таа се враќа во Скопје, каде што ќе соработува со некогашните колешки Нацева и Кастратовиќ.

– Во Скопје имам доживеано многу убави спортски моменти. Се враќам во градот каде што ја почнав својата интернационална кариера. Добивам шанса да работам со своите поранешни колешки Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ. Сакам да се заблагодарам за довербата и со заеднички сили да го доведеме Вардар до највисото место на пиедесталот. Сѐ ќе направиме за да го направиме ЖРК Вардар европски бренд во годините што следат – изјави Тања Медвед по претставувањето на прес-конференцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top