| четврток, 6 декември 2018 |

Преку 5.000 резервации за „Златна бубамара на популарноста“

Вообичаено големиот интерес за најпопуларната забавна манифестација „Златна бубамара на популарноста“ ги надминува сите очекувања, и во изминатите десет дена во радио „Бубамара“ и на онлајн-сервисот „МК тикетс“ пристигнале преку 5.000 резервации за купување билети, а за цената не се ни прашува, соопштуваат организаторите.

Организаторот скромно го најави настанот, но очигледно дека и без реклама обожавателите на добриот хумор, сатира и музика сакаат да бидат дел од  големата забава со најпопуларните личности од Македонија и од Балканот.

Поради преголемиот интерес, организаторот размислува шоуто да го префрли во поголема сала за да можат што повеќе луѓе заеднички да разменат позитивна енергија.

За тоа прашање ќе одлучи во наредните денови кога  билетите ќе бидат пуштени  во продажба.

Големото шоу веќе еден месец се подготвува во штабот на радио „Бубамара“, а  сценариото и наградените, како и секоја година, се чуваат  во најголема тајност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top