| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија не успеа против Исланд – пораз од два гола

Handball European Championships 2014Македонија загуби од Исланд во вториот меч од втората фаза на европското ракометно првенство во Данска. Со два гола разлика, 27:29 Македонија го забележа третиот пораз на ова првенство.

Македонија започна одлично, Исланд до осма минута не успеја да постигне гол, а Македонија имаше постигнато 4 гола. Македонија во првите петнаесетина минути играше одлично и имаше водство од 2-3 гола. Но следуваа серии грешки, па така резултатот од 7:4, стигна до 7:7.Исланд направи серија од 7:1, со што му дозволи на Исланд да го преземе водството и да оди на пауза со три гола предност – 11:14.

Во вториот дел Македонија успеваше резултатски да се приближи и во неколку наврати да го изедначи резултатот. Но од 45  минута Исланд го задржа водството до самиот крај. Македонија се приближи до еден гол разлика, но не успеја да го израмни резултатот. Напротив, му дозволивме на противникот да го зголеми водството на два гола, откако по тајм- аутот Јонсон со погоди на конечни 27:29.

Handball European Championships 2014

Капитенот Кире Лазаров не беше најуспешен од линијата од седум метри. Тој на овој меч постигна 7 гола, одговорноста за ударите од седум метри ја презеде Дејан Манасков, кој овој меч го заврши со 5 гола, колку што постигна и Гоце Горгиевски. Халгримсон и Сигурдсон постигнаа по шест гола. Противничкиот голман Густавсон запиша 13 одбрани, можеби бројката не е висока, но беше на ниво на задачата во клучните моменти.

Во среда од 16 часот ќе играме со светскиот првак Шпанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top