И Македонија ќе има подршка вечерва во „Јуске Бенк Боксен“ арената во Хернинг, а се очекува околу петстотини навивачи во „црвено-жолто“ да ги бодрат Кирил Лазаров и соиграчите во обид да се надигра Данска и да се освојат првите бодови.
Се е подготвено за премиерниот наш дуел на ЕП, а навивачите во Хернинг со сите сили ќе ја бодрат Македонија, иако е јасно дека грото од 14-илјадната публика, колку што е капацитетот на салата ќе бидат на страната на домаќинот Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.