1. Јавна аутопсија
Пред многу, многу години, во 14 век, популарна била јавната дисекција од човечки тела и тоа, благодарение на напредокот во науката и новите црковни и државни закони. Сецирањата на почетокот биле одржувани во помали соби или куќи за неколку студенти по медицина, но речиси преку ноќ се претвориле во морбидни масовни собири.
Во многу европски градови биле отворани и „театри на анатомија, кои береле и до 1.000 луѓе, а колку било телото поинтересно – толку биле поскапи и картите. Најскапите билети беа продадени во Хановер кога се вршела јавна аутопсија на жена која починала бремена. Овие настани се одржувале во повеќето градови 3-4 пати годишно.
2. Гледање како се надувуваат големите балони
Да се гледа како се дува големиот балон за летање била многу популарна форма на забава уште од првиот лет на балон во 1783 година. Полнењето на првиот балон, кое траеше неколку дена, привлече најголем број на луѓе на едно место дотогаш во Европа. Имало толку многу луѓе, што гтие го загрозувале процесот, па балонот тајно бил преместен ден пред заминувањето. На првото полетување во кое учествуваа и луѓе, во Франција привлече дури 400.000 публика.
3. Возење на ескалатор
Првите ескалатори целосно ги воодушевија луѓето. Џеси В. Рено ја патентирал идејата во 1892 година, а четири години подоцна бил поставен и првиот примерок и тоа за забава во забавен парк на Кони Ајленд. Овие ескалатори се различни од денешните по тоа што на нив се седело, но принципот е ист. Во паркот биле изложени само две недели, но за време на тој период на нив се возеа 75.000 луѓе. Овој прототип потоа се пренесува на Бруклинскиот мост за проба. И таму бил до толку популарен, што на почетокот на 20 век бил презентиран на саем во Париз, каде што освои прва награда. Кратко потоа , компанијата „Отис“ го купи патентот и започна со производството на ескалаторите какви што ги знаеме денес.
4. Фотографирање
Разликата меѓу минатото и сегашно „селфи“ се популарнит кабини за фотографирање. Тие се усовршени од страна на руски емигрант во Америка, Анатол Јосиф, кој исто така ја направи првата кабина управувана без човечка помош. Тој отвори студио на Бродвеј во 1925 година, постави кабината за фотографирање и собираше пари. Набрзо, неговата камера беше користена од околу 7500 луѓе дневно. Според извештајот на „Тајмс“ од 1927 година, во првите шест месеци од поставувањето на кабината, таа беше посетена од повеќе од 280.000 луѓе.
5. Гледање на петорката
Во периодот кога се роди петторката на семејството Дион во Канада 1934 година, никој не знаеше дека тоа е можно. Дополнителна љубопитност предизвикал и фактот што бебињата Ивон, Анет, Сесил, Емили и Мари биле родени два месеци предвреме. Нивното постоење до толку ги шокирани луѓето, што весниците плаќаа огромни суми за нивните фотографии. Кога девојќињата наполниле една година, нивниот татко ги претстави на Светскиот саем во Чикаго.
Тие им беа одземени на родителите од страна на властите, кои одлучија дека тоа се премногу деца за кои едно семејство мора да се грижи наеднаш. Девојчињата биле сместени во дом, веднаш спроти семејниот дом, каде што буквално станале изложбени примероци. Во 10 години престој во домот, по што беа вратени на родителите, се проценува дека ги погледнале три милиони луѓе, поточно по 3.000дневно. Посетителите ги гледале како си играат, јадат, спијат и тоа преку едносмерни прозорци.
Домот бил најпопуларната туристичка атракција во моментот во Канада, а девојчињата привлекувале повеќе туристи од водопадите на Нијагара. Во посетата биле и бројни познати личности, вклучувајќи ги и Кларк Гејбл, Бети Дејвис, па дури и (тогаш) идната кралица Елизабета Втора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


