Македонија е скриен бисер на Балканот, со рамниот данок од 10 проценти, специјални економски зони и минимална бирократија земјата ги нуди најдобрите услови за водење бизнис во Европа, се вели во анализата на економскиот и финансиски месечник во Италија – „Капитал“, издание на медиумската куќа „Клас едитори“ за декември.
Не можат да се употребат просечни изрази кога се зборува во Македонија. Оваа млада нација во срцето на Балканот е земја што во последните 10 години регистрира еден од најголемите растечки трендови во светот. Според Светската банка оваа некогашка југословенска републка е на 25. место во специјалниот извештај на „Дуинг бизис 2014“, се вели во текстот.
Реформите почнати во 2007 година за поедноставување на трговијата и за стимулирање нови компании даваат резултати. Магазинот наведува дека рамниот данок од 10 проценти, екстермно ниските фискални давачки, едношалтерскиот систем, кои на инвеститорите им овозможуваат да регистрираат компанија за само еден ден, како и целосното ослободување од ДДВ и царинските давачки на извозноориентираните компании се пример како една мала држава успеаа да направи инвестициски бум и тоа во време на финансиска криза, анализира италијански „Капитал“.
Иницирани и силно поддржани од премиерот Никола Груевски, кој е на чело на државата од 2006 година, овие реформи покажаа како мала држава може да привлече мултинационлани компании од целиот свет, како руската „Протек груп“ – гигант во фармацевскиот сектор или американската „Џонсон контролс“, која произведува делови за автомобилската индустрија, стои во написот.
– Во 2012 година компанијата „Сол“ во Македонија фактурираше речиси 10 милиони евра од вкупно 583 милиони, кои беа остварени на ниво на цела групација, притоа тоа реализирајќи инвестиции во Македонија од преку 30 милиони евра за да ја искористи стратегиската позиција на Балканскиот Полуостров, – вели за „Капитал“, Алдо Фумаџали Ромарио, извршниот директор на компанијата. Токму пред неколку месеци „Сол“ доби четири концесии за управување на исто толку хидроцентрали во земјата – вели Ромарио.
– Јасен индикатор за бизнис-атрактивноста на оваа земја се гледа во капацитетот да привлече голем број индустриски групации, кои со текот на времето ќе реинвестираат придонесувајќи за развој како на земјата така и на ниво на групацијата. Ова е уште еден поттик за Владата, која не запира во напорите да го подобри фискалниот систем – изјавил Бил Павлевски, министерот за странски инвестиции.
– По 2006 година оваа Влада има дадено значителен придонес за развојот на технолошките индустриски зони. Станува збор за вистински слободни економски зони, основани за привлекување на страски инвестиции – објаснува и Виктор Мизо, директорот на ТИРЗ. Една од последните олеснувања е т.н зелен канал за слободно царинење. Ова е еден од факторите што ја убедиле групацијата „Витело“, лидер во секторот на хидраулика, да ја отвори компанијата „Технохозе“, која произведува гумени црева наменети за пазарите во Југоисточна Европа и во Русија. Компанијата влегла со иницијална инвестиција од 10 милиони евра – објснува Мизо.
Околу 60 проценти од нашиот извоз е кон Европската унија. Нашиот влез во Унијата ќе придонесе за стабилизирање на земјата не само од економски аспект – објаснува и премиерот Груевски.
– Земјата е кандидат од 2005 година, сакаме да бидеме дел од ЕУ и од НАТО. Дури и судот во Хаг пресуди во нашата полза, но, сепак, страдаме од вето од Грција поради спорот за името на нашата земја – објаснува Груевски за „Капитал“.
Покрај „Капитал“ и уште неколку познати медиумски групации пишуваа за најдобрите услови што ги нуди Македонија за инвестирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.