Во дерби дуелот во Италјанската „Сериа А“ лига играчите на Јувентус со блескава игра ја декласираа Рома со 3-0.
Ова беше прв пораз на Рома оваа сезона и се чини ги загуби шансите за титулата бидејќи сега заостанува осум бодови.
Серијата голови ја отвори Артуро Видал по одличната асистенција на Тевез. Видал прецизно стрелаше од шест метри од голот на Рома. Рома не успеваше да најде против игра во текот на првото полувреме.
Во вториот дел со голот на Бонучи Јувентус ги сруши сите надежи на гостите од Рим за позитивен резултат. Нервозата кај играчите на „Римската волчица“ растеше како одминуваше времето и Даниеле де Роси по еден брутален старт врз репрезентативниот колега Кјелини доби заслужен црвен картон. По неполни две минути и соиграчот на Де Роси Леандро, заработи црвен картон поради играње со рака на самата гол линија. Судијата оправдано му додели црвен картон и покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше црногорскиот интернационалец Мирко Вучиниќ.
Со новите три бода Јувентус има 49 дури осум повеќе од Рома. Трет на табелта е Наполи кој својот натпревар од 18 коло го игра утре на домашен терен против Сампдорија.
Италија резултати 18 коло:
Киево – Калјари 0-0, Фиорентина – Ливорно 1-0, Јувентус – Рома 3-0.
Утре се играат натпреварите:
Наполи – Сампдорија, Милан – Аталанта, Катанија – Болоња, Џенова – Сасуоло, Парма – Торино, Удинезе – Верона, Лацио – Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



