Македонскиот шампион МЗТ Скопје со пораз од Олимпија во Љубљана, ја испрати 2013 година. Домаќините беа убедливи и славеа со 11 поени разлика, 73-62, а клуч на осмиот неуспех во Јадранската лига беше третата четвртина. Со катастрофална игра аеродромци го загубија периодот од 10 минути со 8-27.
Во првото полувреме, МЗТ Скопје одигра мудро, тактички одлично и замина на одмор со 4 поени разлика, 38-34. Сепак стартот од продолжението беше катастрофален со серија на Олимпија од 11-0, а гостите од Скопје за 10 минути постигнаа смао 8 поени. Отсуството на Тодор Гечевски се почуствува, а разликата во корист на популарните „змајчеки“ постојано се зголемуваше до највисоките 15 поени разлика.
Во последниот период со серија од 7-0, македонскиот шампион се обиде да се врати во игра, но Салин со тројка ги урна надежите за пресврт. Тој беше најефикасен кај Олимпија со 20 поени, идентично колку што уфрли и Кејд Дејвис кај МЗТ Скопје. Дамјан Стојановски постигна 13 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика