| четврток, 6 декември 2018 |

Запален факултет во Каиро

Поддржувачите на египетското исламистичко Муслиманско братство подметнале пожар во зградите на универзитетот во Каиро, пренесе египетската државна телевизија, објави телевизијата „Телма“. Студентите-исламисти негираат дека тие подметнале оган на Факултетите за економија и земјоделство.  Еден демонстрант бил смртно ранет.

Поддржувачите на египетското исламистичко Муслиманско братство подметнале пожар во зградите на универзитетот во Каиро, пренесе египетската државна телевизија. Студентите-исламисти негираат дека тие подметнале оган на Факултетите за економија и земјоделство.  Еден демонстрант бил смртно застрелан во судирите со полиција на универзитетот Ал-Ажар.

До попладневните часови, пожарот бил ставен под контрола, а уапсени биле околу 60 лица.  Египетските власти го засилија притисокот врз муслиманското братство од јули годинава , кога исламистичкиот претседател на државата, Мохамед Морси , беше соборен од власт со воен удар. Од септември на Муслиманското братство му беше забранета секаква активност додека во среда , по еден самоубиствен напад врз полициска станица, исламистичкото движење беше прогласено и за терористичка група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top