| четврток, 6 декември 2018 |

Курд Маверик за Нова година во Скопје

Меѓународниот суперстар диџеј и водечки светски ремиксер на Роби Вилијамс, Боб Синклер, Бој Џорџ и други, етаблираниот Курд Маверик од „Спинин рекордс“, ќе ја забавува публиката во „Експо центар“ за новогодишната ноќ. Еден од најголемите хитови на денешницата „Hell Yeah” е неприкосновен хит на човекот кој го нарекуваат господар на хаус музиката, а траката има и своја верзија со добитникот на наградата „Греми“, Жермејн Дупри.

На 31 декември скопската публика ќе ја има можноста да се забавува со нумерите на Курд кои го етаблираа како светски продуцент: „Let the bass kick“, римејкот на „Pump up the jam“ за „Ministry of Sound“, „The Rub“, „Let’s work“, „Strings of Tortuga“, „Love Sensation“, како и химната на неговиот клуб „Ring Ring Ring” (од De La Soul). Продуцентот ќе има домашна поддршка од диџеите од радио „Антена 5“,  Никифор, Ицко и Лефанк.

Влезниците за најголемата и највозбудлива новогодишна забава се пуштени во претпродажба во Југотон, Камарад Рамстор, Цвеќарница Розе (Веро2) и на сите продажи места на МК Тикетс по цена од 400 денари до 29 декември (недела), а на 30 и 31 ќе се продаваат по 500 денари.

Како празничен подарок од „Експо центар“, првите 500 влезници ќе бидат по суперпразнична цена од 300 денари.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top