Александар Шапиќ, висок партиски функционер во опозиционата Демокраска странка на Србија, беше принуден од раководството на партијата да поднесе оставка поради непримерните изјави на Твитер во кои го исмеваше презимето на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој пристигна во Белград во ненајавена посета.
Во таа прилика Шапиќ напиша:
– Кога шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц во посета на некоја земја во регионот малку е незгодно кога треба да се напише дека го примиле.
По кратко време генералниот секретар на партијата го избришал твитот, но по бурните реакции во јавноста, раководството на партијата побарало од него да поднесе оставка од функцијата порад навредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.