| четврток, 6 декември 2018 |

Естрадата се збогува од Ацо Конга: Добрите луѓе не тонат во заборав

2013 година ќе остане запаметена како година кога македонската музика и естрада загуби двајца темели на поновата музичка историја. По шокот од загубата на Душан Љубисавлевиќ-Дуле, Македонија утрово ја потресе и веста за прераната смрт на уште еден музички мајстор. Ацо Богдановски-Конга ќе остане запаметен како еден од првите музичари кои кај нас го донесоа овој традиционален кубански тапан.

Настрана неговата професионалност, Ацо ќе остане запаметен и како семеен човек и одличен пријател. Многу од неговите колеги и пријатели утрово со неверување се разбудија со оваа немила вест. Секој на свој начин се обиде да ја искаже својата тага и почит, многумина од нив на социјалните мрежи.

– Нашиот колега Ацо Конга не успеа да се избори со болеста… Многу жално. Почивај во мир Ацо – пејачката Елена Петреска беше меѓу првите кои дознаа.

– Тажно, многу тажно… Почивај во мир, друже – се јави и Тамара.

– Почивај во мир, пријателе – се редеа и последните поздрави од соработниците и пријатели-актери Весна БејбиПетрушевска, Петар Горко

– Штета и греота – додава Дадар.

– Почивај во мир! Добрите луѓе не тонат во заборавот! Ти сигурно нема да потонеш во заборав! Респект, слава ти и фала… – напиша Угро.

– Аман бе…. Аман бе!!!!!! Зашто бе вакви работи? Отиде уште еден добар човек… Пред сѐ татко и сопруг, па после пријател, колега и талентиран музичар…. Нека ти е лесна земјата Ацо, нѐ сплоти барем на кратко, нѐ мотивираше да се запрашаме ШТО е животот и колку вреди…. Почивај во мир – со тага и неверување напиша Нина Јанева.

– Ќе ни недостасуваш… – вели неговата колешка Маја Вуќичевиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top