
Средовечен кичевец завчера намамил осумгодишно девојче во својот дом и ја залепил устата со самолеплива трака и почнал да ја допира по телото. За среќа, педофилот е брзо откриен и веќе е во притвор.
СВР Охрид соопштои дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, полициската станица од Кичево за Н.М. (49) од Кичево поднесе кривична пријава. По решение на Основниот суд во Гостивар, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 18 овој месец, околу 08 часот и 30 минути, пријавениот извршил полов напад врз осумгодишна малолетничка од Кичево. Настанот се случил откако притворениот ја повикал малолетничката која живеела во соседството да дојде во неговиот дом. Тука тој ѝ ставил селотејп трака на устата по што, без да изврши обљуба, почнал да ја допира по телото и да ја бакнува нанесувајќи ѝ модринки и црвенило по вратот.
Полициската станица од Кичево веднаш го приведе Н.М. против кого досега биле поднесувани пријави за сторени имотни деликти за што бил и затворски осудуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


