Арапските принцеви и членови на кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за време на својот престој во Црна Гора во последните неколку години се покажаа како вистински балкански господини.
Навиката арапските принцеви во торбите да носат долари и да ги честат своите домаќини сѐ уште постои. Тоа го потврди и крунисаниот принц на Абу Дабу, шеикот Мухамед бин Зајед ал Нахјан кога на вработените во „Вила Горица“ каде што вечерал и спиел, оставил околу 50 илјади долари во плик, пренесуваат црногорските медиуми.
Принцот ги почестил сите вработени кои го служеле – од вратарот до келнерот и готвачот. Пред да пристигне во вилата барал список на вработените, а човек од неговата придружба поделил пликоа во кои имало различни суми – од илјада до неколку илјади долари.
На шеикот многу му се допаднала националната кујна – домашните пити, телешките чорби, мешаните салати, динствуваното телешко, домашната штрудла со јаболки…Затоа и не жалел за парите.
Шеикот ги освои симпатиите на домаќините уште во 2008 година, кога бил во Будва и ги најавил инвестициите во Црна Гора. Тогаш го почестил целиот колектив на хотелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.