| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола: Поучен пораз!

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола им честиташе на Манчестер Сити за нивната заслужена победа во последното коло од Лигата на шампиони.

Баварците им дозволија на гостинските играчи да го израмнат резултатот од 2-0 и на крајот да слават со 3-2, сепак доколку пак „граѓаните“ постигнеа уште еден гол тие ќе се најдеа на првото место во групата.

– Им честитам на Сити за одличната игра и големата победа. Што се однесува до нас, се надевам дека мојата екипа сега ќе сфати што значи опуштање во Лигата на шампиони. Поради тоа, понекогаш е добро да загубите и да се освестите. Од ова треба да извлечеме поука и да се подготвиме за следната фаза – рече Гвардиола.

Менаџерот на Манчестер Сити Мануел Пелегрини жали што неговата екипа на крајот не постигна уште еден гол за да го превземе првото место во групата.

– Секако, ќе беше одлично ако постигневме уште еден гол и дојдевме до посакуваното прво место. Сепак моравме да мислиме и на наредниот натпревар против Арсенал во Премиер лигата и не сакавме да ризикуваме – рече Пелегрини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top