| четврток, 6 декември 2018 |

Културен џез-шок со австриски музичари в недела во „Галерија 8“ (видео)

В недела, на 8 декември срцето на Старата скопска чаршија ќе чука во џез-ритам кој ќе биде понесен од австриските музичари – џез-триото „Гаспар“. Адријан Гаспар, Јасмин Султанич, Игор Пешиќ ќе ѝ овозможат на публиката целовечерно музичко уживање.

„Галерија 8“ ќе биде местото на случување на настанот наменет за оние што сакаат вистински да ја доживеат фузијата  на балкан, џез, електроника базирана на ритам секција со потребни импровизации од кои застанува здивот.

„Џез и џез“ ќе биде надополнет со ДЈ сетови на Бојан Шамба (Летечки Пекинезери) и Бојан Чакра, а самиот настан ќе почне во 21 часот.

Во продолжение, слушнете како тие звучеа на  фестивалот „Нишвил“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top