| четврток, 6 декември 2018 |

Половина Скопје денеска без струја

Без струја денеска  ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Сарај и Карпош,  соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во периодот од 8 до 14 часот без струја ќе остане дел од улица „11 Октомври“, во околината на Стара Рампа. Струја нема да имаат од 8 до 16, 30 часот ќе остане дел од булеварот АСНОМ бр. 52, бр. 56 и бр. 58, а од 9 до 11 часот , корисниците  од  улиците „Гаврил Радомир“, „Митре Влаот“, „Блажо Орландиќ“, „Димитар Македонски“ и „Црноризец Храбар“ во општина  Аеродром.

Според соопштението на РЦУК, од 9:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од  село Ласкарци во општина Сарај, додека од 10 до 12 часот улиците „Пандо Кљашев“, „Полог“, „Кара Трифун“, „Милан Мијалкович“, „Пеју Јаворич“, „Зеленгора“, „Караџица“ и „Кочанска“ во населбата Црниче во општина Кисела Вода.

Од 11:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Козле“ од бр. 100 до бр. 140 во општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top