ФЦЛ Амбиенте, членка на италијанскиот конзорциум кој ја доби концесијата на скопската депонија „Дрисла“, најавува дека ќе поднесе тужба во македонските судови и претставка до Јавното обвинителство поради изнесените факти во медиумите. Оваа фирма го доби договорот за концесија по првиот тендер распишан од Град Скопје со кој се бараше јавно приватно парнерство за управување со депонијата. Договорот кој беше склучен меѓу фирмата и Град Скопје беше поништен откако германскиот конзорциум предводен од фирмата „Шолц“ на Управен суд ја доби тужбата против Градот, а во која беше утврдено дека тендерската постапка не била правилно спроведена. И покрај тоа, Градот по втор пат донесе одлука договорот за концесија да му го додели на италијанскиот конзорциум, а оваа одлука опозициските советници ја оценија како криминална и спротивна на интересите на граѓаните.
„Се повикуваме на информациите пренесени во медиумите во врска со „Дрисла“ и поточно на сите случки кои директно или индиректно се однесуваат и се поврзани со истата, за да го појасниме следното. Дојдовме до сознанија за постоење на крајно штетни факти и акти искажани на штета на ФЦЛ Амбиенте ДОО кои ја извртуваат и оцрнуваат реалноста. ФЦЛ Амбиенте ДОО не може да го толерира настанатото, бидејќи се премина секаков праг на правна и морална прифатливност. За таа цел, Друштвото без понатамошно одлагање, со цел да ги заштити своите права, ги овласти своите правни застапници, да започнат судска постапка, помеѓу другото, и преку Јавното обвинителство и македонските судови“, пишува во соопштението на фирмата, но не е наведено против кого ќе биде покрената тужбена постапка.
Од компанијата велат дека настанатите околности му наштетуваат на имиџот и угледот на друштвото кое, додаваат, легитимно работи околу една година во процесот на имплементација и валоризација на депонијата „Дрисла“. Посочуваат дека до овој момент фирмата има инвестирано големи суми на пари во износ од повеќе милиони евра.
„ФЦЛ Амбиенте нема ниту политички интереси, ниту политички „татковци“, напротив активностите на Друштвото се распознаваат по својата неутралност. Ние сметаме дека животната средина е добробит на целата македонска заедница, како и цел за Македонија да се доближи до социјалните стандарди и стандардите за квалитет на земјите од ЕУ. ФЦЛ Амбиенте е целосно транспарентна и на македонското население ќе му го покаже квалитетот на сопствениот проект во сите негови фази на имплементација, преку навремени комуникациски активности со сите национални и меѓународни медиуми, без исклучок“, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Шилегов граѓаните кои протеситрале кај Дрисла биле „примитивци“, а советниците во град Скопје „нелуѓе“
-
Не труеле: Наместо 8 часа дневно, „Дрисла“ горела медицински отпад во три смени
-
Управниот суд ги разгледа сите тужби, се чекаат одлуките
-
На госпоѓа Трамп не и се допаѓа Словенците да заработуваат на неа: Им се закани со тужби!