
Познатата српска актерка Катарина Радивоевиќ, позната по улогата на Зона Замфирова, денеска доживеа сообраќајна несреќа. Таа со своето „пунто“ удрила во автомобил марка „волво“, со кој управувал 55-годишен Србин.
Убавата актерка не ги почитувала правилата за предност во сообраќајот, па предизвикала сообраќајна несреќа, пренесе српски „Телеграф“.
За среќа, во несреќата не е повредена ниту актерката ниту човекот со чие возило се судрила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


