| четврток, 6 декември 2018 |

Мајстор си е мајстор, 43-годишниот тренер Илиќ бранеше принудно и не прими гол

Поранешниот македонски репрезентативец Саша Илиќ направи вистински подвиг, вчера против Ренова, кога успеа да ја сочува мрежата на Еуромилк во меч од Првата македонска фудбалска лига, иако бранеше принудно. Тренерот на голманите на прволигашот од Горно Лисиче има 43 години, а беше веројатно и најдобриот поединец на натпреварот во Тетово. Поради повреда на првиот голман на Еуромилк, Марјан Маџаровски, на загревањето непосредно пред почетокот на дуелот, Илиќ мораше да брани. И вториот голман на „лисичани“ е повреден, па нивниот тренер застана на голот и покажа дека мајстор си е мајстор. Тренер, на возраст од 43 години, патем и „пензиониран“ пред 6 сезони остана без примен гол против екипа што има сосема солиден состав. Мечот заврши нерешено, 0-0, а Саша Илиќ приреди вистински подвиг и ја сочува мрежата на гостите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top