| четврток, 6 декември 2018 |

Со Визер и во Париз, Брисел, Франкфурт

wizz-air-520x295

Париз, Брисел и Франкфурт – ова се трите нови дестинации каде од почетокот на април наредната година македонските граѓани ќе можат да летаат со „Визер“ .

– Покрај веќе постоечките девет евтини авиолинии со „Визер“ договоривме уште три нови линии на кои граѓаните на Македонија ќе можат да летаат по цени почнувајќи од 1.500 денари, рече премиерот Никола Груевски.

Тој истакна дека Владата е во преговори и со друга позната нискобуџетна авиокомпанија за отворање на уште три нови евтини авиолинии до други дестинации во Европа. Доколку преговорите успешно завршат, посочи Груевски, во текот на наредната година ќе се отворат уште три дополнителни евтини авиолинии.

Владата го субвенционира авиопревозникот „Визер“ со по 8 евра по патник. Оваа година за нискобуџетните авиокомпании Владата доделуваше по 9 евра за секој патник, за следната цената на субвенцијата ќе биде 8 евра.

 

 

 

 

Голи и смешни

Временс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top