| четврток, 6 декември 2018 |

„Златен волан“ за новата лимузина „ауди А3“

Audi A3 Limousine

Лимузината „ауди А3“ победи во категоријата автомобил од средна големина, a „Ауди“ во изминативе 38 години 23. пати ја освои наградата „Златен волан“.

Новата лимузина „ауди А3“ ја освои една од најпосакуваните награди во автомобилската индустрија – „Златен волан“. Оваа година, од вкупно 49 номинирани автомобили, читателите на „Ауто билд“ и „Билд ам Зонтаг“, заедно со стручното жири, ја избраа новата лимузина „ауди А3“ за најдобра во категоријата автомобил од средна големина.

„Ауди“ со оваа победа ја дополни низата на големи успеси. Вкупно 23 статуетки „Златен
волан“ освои компанијата во 38-годишната историја на овие награди. Ниту еден друг бренд нема освоено повеќе награди „Златен волан“. Новата лимузина „ауди А3“ е првата лимузина во компактната премиум класа. Автомобилот со својата врвна технологија, секојдневна практичност и удобноста ги импресионираше читателите и стручното жири.

Д-р Улрих Хакенберг, член на Одборот за технички развој во „Ауди“, ја прими наградата на свеченоста во Берлин. Гости од светот на бизнисот, политиката и медиумите присуствуваа на свеченото доделувањето во „Аксел Шпрингер хаус“.

Од 1976 година, па до денес, „Ауто билд“ и „Билд ам Зонтаг“ ги прогласуваат најдобрите нови автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top