Предлогот за забрана за употреба на знамето со сонцето од Кутлеш во земјава на пратеникот и лидер на Либералната партија, Ивон Величковски, влегува во собраниска процедура.
Денеска предлогот е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Величковски својот предлог го образложи дека Македонија треба да ја забрани употребата на овој симбол на јавни настани како знак на добра волја во преговорите со Грција за спорот за името. Предлогот на Величковски предизвика бура од реакции во јавност и беше изложен на низа критики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.