| четврток, 6 декември 2018 |

Шурле: Руни не би имал место во репрезентацијата на Германија

Во пресрет на дуелот меѓу Англија и Германија, кој ќе се одигра во вторник на стадионот „Вембли“, Андре Шурле си зема за право да коментира за англискиот фудбалер Вејн Руни.

– Руни е одличен играч, но ние имаме одлична репрезентација со по два играча на секоја позиција. Да е тој во нашата репрезентација, не би бил сигурен дека ќе има загарантирано место – рече фудбалерот на Челси.

Во натпреварот што доаѓа, Англија има шанса да се докаже пред своите навивачи, по неодамнешниот пораз од екипата на Чиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top