| четврток, 6 декември 2018 |

Српските тенисери по поразот од Чешка се релаксираа на еден од сплавовите

Тенисерите на српската репрезентација откако вчера загубија од Чешка во финалето на Дејвис-купот, отидоа на вечера која ја организираше Меѓународната тениска федерација, а потоа решија да ја „удават“ тагата на еден од сплавовите.

Повредениот тенисер Јанко Типсаревиќ дојде на сплавот со сопругата Билјана, но тие не се задржаа многу со оглед на тоа дека поубавата половина на двојката е во напредна фаза на бременост. Типсаревиќ беше добро расположен, а во еден момент тој се фотографираше со навивачите на чешката репрезентација.

teniseri-zurka1

Иако поради суспензија не можеше да присуствува на мечот во арената „Комбанк“ , Виктор Троицки на тенисерите им се придружи на вечерата како и на забавата на сплавот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top