| четврток, 6 декември 2018 |

Дидие Дрогба по петти пат остана без трофејот на нациите во Африка

Дидие Дрогба најверојатно ќе си замине од фудбалската сцена без посакуваниот трофеј од купот на африкански нации, откако по петти пат безуспешно го предводеше националниот тим на Брегот на Слонова коска на престижното натпреварување.

За 35-годишниот ветеран ова веројатно е последен настап на купот, а денеска на патот до титулата за него и соиграчите превисока пречка беа „супер орлите“ од Нигерија. Со головите на Еменике и Мба, Нигерија славеше со 2-1, а единствениот гол за БСК беше дело на Тиоте.

Противник на Нигерија за финале ќе и биде репрезентација на Мали.

Историја денеска запишаа фудбалерите на Буркина Фасо, а до првото полуфинале на купот стасаа со победа во продолженијата против Того. Херој е Џонатан Питроипа, стрелецот на единствениот гол на мечот во 105. минута.

Буркина Фасо ќе игра со Гана за место во завршниот натпревар на турнирот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top