| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан ќе биде селектор на Франција?

Медиумите во Шпанија јавуваат дека некогашниот најдобар светски фудбалер Зинедин Зидан би можел да седне на клупата на француската репрезентација

zidan-160

Ова би се случило при евентуален неуспех на „триколорите“ во бараж-двомечот со Украина за Светското првенство.

Зидан во моментов работи како помошник на тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, а неодамна изјави дека сѐ уште е рано да биде главен тренер и дека уште го учи тренерскиот занает.

И покрај ваквата изјава на Зизу, шпанските медиуми го посочуваат како прв кандидат за наследник на актуелниот селектор на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп. Секако, условот е Франција да не избори пласман на мундијалот во Бразил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top