| четврток, 6 декември 2018 |

Хулиганите на Ајакс ги нападнаа навивачите на Селтик (видео)

Хулиганите на Ајакс вчера пред натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите нападнаа бар во центарот на Амстердам во кој седеа навивачи на Селтик.

Во нападот учествуваа 50 лица кои со камења и дрвени палки ги кршеа излозите, а неколку лица физички се пресметаа и внатре во пабот.

Веднаш по тоа тие се разбегаа, но сето тоа беше снимено од некој од станарите од спротивната зграда. Полицијата веднаш реагираше, па така 9 лица се во затвор, а за останатите сѐ уште се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top