Британската кралица Елизабета Втора побара од своите соработници да објават оглас за нов готвач во нејзината резиденција. Како еден од основните услови е кандидатот да ја познава добро француската кујна. Денес Бакингемската палата и официјално прати известување за огласот.
Се ветува висока годишната плата и работна недела од 45 часа.
Кандидатот за престижната функцијата треба да може подеднакво добро да приготви храна за државен ручек со 200 гости , како и за две лица – кралицата и нејзиниот сопруг.
Главната работно место на готвачот ќе биде Бакингамската палата , но во текот на 3 месеци годишно тој ќе мора да работи во Шкотска , каде е отворената резиденција на британските кралеви . Рокот за поднесување на документи е 17 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


