| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Џамбазов: Дотичниот што ми посака смрт ќе биде награден

Многу изненадувања, многу спомени, многу енергија… Само три дена пред големиот концерт во салата „Борис Трајковски“, закажан за 1 ноември, разговаравме со Игор за време на пробата. Во очекување на Калиопи, Игор низ смеа вели: „Ова е најстресната проба пред концертот“.

Игор деновиве се потсетува на сите оние работи кои му се случуваат низ животот или, како што би рекол тој, во овој живот ако може да се нарече живот. Како успеваат да се разберат Џамбаз Сениор и Јуниор, која е преокупацијата на маестро Џамбазов… Што станало со плановите за голема свадба на брод низ Средоземно Море…  – ова е само дел од она за кое зборува Џамбазов во разговорот.

-Дури и мојата мачка се потресе од земјотресот што ми го приреди дотичниот што ми ровареше по животот и ми даде престрога казна – вели Игор.

Тој најавува дека дотичниот ќе биде награден.

Разговараше: Билјана Зафирова
Видео: Дејан Станчевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top