| четврток, 6 декември 2018 |

Чилиќ се врати со победа на тениските терени

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ победи во првиот меч по 4-месечната пауза поради допинг, а успешното враќање е во Париз на АТП турнирот од Мастерс серијата 1000. Чилиќ го победи холандскиот тенисер Сијслинг со 2-1 во сетови, а надомести негатива од 0-1 во сетови.

Хрватот беше казнет со 9 месечна суспензија од ИТФ поради позитивен допинг тест извршен лани во април. Чилиќ се жалеше на превисоката казна пред меѓународниот арбитражен спортски суд во Лозана и се избори за намалување на суспензијата. Прв турнир по 16-неделната пауза му е токму Матерсит во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top