| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонците ќе разнесат астероид со вселенски топ

japan-asteroidi

Научниците од Јапонија имаат намера да го истражат небеското тело 1999ЈУ3 и да откријат нови информации за создавањето на Сончевиот систем.

За таа цел, создале вселенски топ кој веќе бил успешно тестиран на Земјата како дел од подготовките за мисијата која треба да стартува во декември 2014 година. Целта на топот е да го разнесе астероидот, за потоа да се соберат примероци од него за истражување.

Истражувачите веруваат дека на астероидот има многу органски материи и вода. Леталото со вселенскиот топ ќе треба да го пресретне астероидот во 2018 година, а на Земјата треба да се врати во 2019 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top