Пред 20. натпревар во Јадранската лига против Унион Олимпија утревечер од 21 часот во нашиот главен град, аеродромци се свесни дека се на вистинска крстосница. Исходот од мечот со постојаниот учесник во сите валидни европски кошаркарски натпревари е важен до тој степен, што може да ја предодреди и целата деби сезона на нашиот првак во лигата.
Ако против словенците, без центарот Урош Николиќ, МЗТ Скопје слави впечаток е, дека ќе си обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на крајот, па дури и ќе биде кандидат за завршниот турнир, со тоа што ќе има и две победи со директниот ривал. Во случај на пораз, а со оглед и на тешкиот распоред во преостанатите 6 кола, постои закана и од симнување за неколку позиции, до самото дно. И токму затоа веројатно Алеш Пипан за официјалната клубска страница, предупреди, повика на внимание, на полна концентрација и на најголема поддршка од навивачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


