Опозицијата во Парламентот побара да се утврди кој ја издал наредбата да се спречи протестот на новинарите и ја ангажирал специјалната полиција. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, побара од претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски, да ја прекине денешната седница на Собранието и да закаже седница на Анкетната комисија за човекови права.
– Вие го оневозможивте новинарскиот протест за да можете да пиете вино и да слушате виолини по повод таканаречениот вмроовски празник?… Во зависност од вашиот одговор ќе ги определиме нашите идни активности – посочи Игор Ивановски.
– Според Деловникот, седница на Анкетната комисија може да закаже нејзиниот претседател, а тоа е Беким Фазлиу, а ако тој не го сака тоа, јас тука не можам ништо. Но, може една третина од членовите на Комисијата да закажат седница. Така е според Деловникот – одговори Вељаноски.
Пратеничката група на СДСМ побара еден час пауза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


