| четврток, 6 декември 2018 |

Челзи е подготвен да потроши 62 милиони фунти

Покрај големиот број на фудбалери кои се под договор, менаџерот на Челзи Жозе Мурињо планира дополнително да го засили својот тим во зимскиот преоден рок.

Тренерот на лондонските „сини“ се интересира за играчот за врска на Марсеј Џианели Имбула и дефанзивецот на Порто Елијакви Мангала.

Според одредени информации од Франција, Имбула може да замине од Марсеј за 25 милиони фунти, додека Мангала има клаузула во договорот со Порто според кој мора да пристигне понуда од 37 милиони фунти, што вкупно изнесува 62 милиони фунти.

Мурињо во Мангала гледа долготрајно решение на стоперската позиција, додека Имбула ќе биде замена за Џон Оби Микел и Мајкл Есјен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top